Skip to content

News

238 posts

Одбележани 65 години од формирањето на Српското биолошко друштво

Во Белград на 22 јануари оваа година се оддржа свечено собрание на Српското биолошко друштво, на кое се одбележа 65 години од неговото основање и 65 години од излегувањето на меѓународното списание „Архив на биолошките науки“. На собранието присуствуваа покрај членовите на Српското биолошко друштво и поканети гости од регионот, меѓу кои и од Македонија. Српското биолошко друштво го одбележа овој јубилеј на 65 годишнина за да може на истакнатите членови на друштвото да им оддаде признание за…

Новости

Camera-trapping survey in the protected area Jasen and Pelister National Park

The Macedonian Ecological Society, in cooperation with the Public Enterprise for Managing and Protection of the Multipurpose Area “Jasen” and the Pelister National Park, started camera-trapping activities in the mentioned areas. The aim is to confirm the presence of lynx and its prey species in such areas, and the presence of other large carnivores, and if there is sufficient data, to make estimations about number of lynx individuals present in both areas. The camera-trapping survey in the…

Новости

Локалното население од Струга и Вевчани бара соодветна заштита на природните ресурси на Јабланица

Учесниците на правата тематска работилница „Традиционално користење на природните ресурси, одржливо наспроти неодржливо користење на ресурсите“ којашто на 1-ви Февруари во организација на МЕД се одржа во Струга порачаа дека е потребна поголема грижа за природните ресурси на Јабланица. Целта на работилницата беше да се потсети на традиционалните практики и грижата кон ресурсите што постоела во минатото, но и истовремено да се истакнат проблемите и последиците коишто настануваат поради прекумерно…

Новости

Парк Преспа: на крстопатот за одржливост

2014 Светски ден на водни живеалишта и четири предизвици за иднината на Преспа Преспа, езеро од меѓународно значење во сите три земји кои го делат, стои на крстопат во 2014 година, помеѓу стариот пристап кој ги загрозува прекуграничните води и водни живеалишта, и патот кон одржливост и здрави и чисти водени екосистеми. Се работи за четири главни прашања во Преспа: заштитата и управувањето со водените ресурси; заштитата на нејзините помали водени живеалишта; климатските промени и адаптација;…

Новости

Учење, дружење и истражување на терен

Од 15 до 18.01.2014 во Стар Дојран се одржа еколошкиот тренинг камп како дел од проектот „Едукација и јакнење на капацитетите за заштита на Дојранското Езеро, приоритетно подрачје за биолошка разновидност“. Учесници во кампот беа ученици од средните училишта во Струмица, Валандово, Богданци и Гевгелија а обуката беше спроведена од искусни еколози од Македонското еколошко друштво. Кампот опфати практична и теоретска обука за еколошки мониторинг. Учесниците имаа прилика практично да користат…

Новости

Одржана работилницата „Птиците и ветерните електрани“

Како дел од проектот Развој на капацитетите за заштита на преселните патишта на птиците во Медитеранот, на 10 декември се одржа работилницата со наслов „Птиците и ветерните електрани“ на која беа поканети и присуствуваа претставниците од еколошки друштва, друштва за заштита на птиците и природата, друштва на љубители на птици, како и претставниците од ресорните министерства и нивните органи, инвеситори и агенции за изработка студии за оценки на влијание врз животна средина во инвестициски…

Новости

Јабланица заслужува да биде заштитено прекугранично подрачје

Одржани два форуми со целни групи од Струга и Вевчани по повод отпочнување на проектот за разумно користење на природни ресурси и заштита на планинскиот масив Јабланица – Шебеник Да се престане со дивата сеча, да се зачуваат ледничките езера, да се спречи криволовот, а екотуризмот да се развива во Јабланичкиот регион, беа само дел од барањата и пораките на учесниците на форумите за целни групи кои на 12-ти и 13-ти декември 2013 година се одржаа во Општина Струга и Општина Вевчани. На овие…

Новости

Осогово презентирано на работен состанок за прекугранична соработка, во организација на УНЕСКО!

Потенцијалите за заштита и развој на Осогово, но и проблемите за успешно спроведување на номинациониот процес во осоговскиот регион, беа презентирани на субрегионалниот работен состанок за прекугранична соработка организиран од УНЕСКО, во Поградец, Албанија, во декември, 2013 година. На средбата учествуваа заменик министрите за животна средина од Албанија и Македонија, претставници од МАБ комитетите и дел од клучните страни, особено од охридско – преспанскиот регион. Поканета беше и грчката…

Новости

Еколошката едукација – најважната алка во унапредувањето на животната средина!

„Приодот во еколошката едукација треба да почива на изградба на еколошки вредности и навики кај децата, од најмала возраст, кои понатаму во процесот на доживотно учење би се продлабочиле. Формирањето индивидуи со изградени еколошки ставови и култура, води кон унапредување на животната средина преку нивните соодветни одлуки и постапки“, беше потенцирано од претставникот на Македонско еколошко друштво на Меѓународниот форум за еколошка едукација, кој се одржа во Тбилиси – Грузија, во ноември 2013…

Новости

Одржан е состанокот со мониторинг мрежата во Преспа

На 10 декември 2013 година околу триесетина претставници од различни организации од Западна Македонија се собраа за да ги поддржат активностите за заштита на балканскиот рис. Овие луѓе ја формираат мониторинг мрежата, посебно одбрана група во која членовите, во рамките на своите знаења и позиции, го помагаат закрепнувањето на ова критично загрозено животно. Местото каде се одржа оваа работилница беше летниот камп Претор кој се наоѓа на подножјето на планината Пелистер. Не случајно беше одбрано…

Новости

Почеток на проектот „Едукација и јакнење на капацитетите за заштита на Дојранското Езеро, приоритетно клучно подрачје за биолошка разновидност“

Од 1 ви ноември 2013 година МЕД започна со реализација на проект кој цели кон креирање на локална група за зачувување на биолошката разновидност на Дојранското Езеро. Задача на проектот е да изгради капацитети кај локалните чинители поврзани со мониторинг и истражување на значајни видови. Во периодот ноември 2013 – октомври 2014 година, МЕД ќе работи со клучните чинители кои ќе имаат важна улога во зачувувањето на ова клучно подрачје за биолошката разновидност: Оштината Дојран, основните и…

Новости

Министрите ја поддржаа Заедничката визија за прекуграничното подрачје Шара-Кораб

Тројцата министри за животна средина од Албанија, Косово и Македонија, заедно со австрискиот амбсадор и заменик германскиот амбасадор на Македонија ја потпишаа Заедничката визија за предложеното прекугранично заштитено подрачје „Шар Планина – Кораб“ . Визијата беше дел од проектот кој МЕД го спроведува заедно со уште две невладини организации од Албанија и Косово под раководство на Еуронатур од Германија. Потпишувањето на Визијата од страна на министрите се случи во рамките на трилатералниот…

Новости