Работилница „Од идеја до успешен проект‘‘
Македонското еколошко друштво, во рамките на проектот “Програма за закрепнување на балканскиот рис” организираше еднодневна работилница-обука на тема “Од идеја до успешен проект”. Работилницата се одржа на 29ти мај во СОУ “Крсте Петков Мисирков” во Демир Хисар. На работилницата присуствуваа 22 учесници од 14 различни организации/институции од општините Демир Хисар, Кичево, Охрид и Струга. Целта на работилницата беше учесниците да се обучат како своите идеи, поврзани со заштита на природата,…

