Резултати од повикот за поднесување на предлог проекти за локален одржлив развој на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина
На објавениот повик за поднесување проектни концепти/проекти за доделување мали грантови на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина заклучно со 30.12.2014 година, пристигнаа вкупно 8 предлог- проекти кои беа доставени за оценка до членовите на комисијата. Сите доставени предлог-проекти беа оценувани согласно следниве критериуми: квалитет на предлог-проектот, остварливост на проектот, одржливост и влијание на проектот, поврзаност со целите на МЕД во регионот и оценка на финансискиот план .…


